ДИПЛОМИРАА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ НА ЏАМИЈАТА БЕДР ВО БУТЕЛ

Hа 31 Јули 2021 година, се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на веронуакта на дипломираните ученици од мектебот на џамијата Бедр во Бутел – Скопје.
Муневере Халими, муалима на учениците, во име на семејствата на учениците им се заблагодари на присутните што одвоија време да присуствуваат на церемонијата.
На церемонијата одржана во оваа џамија, учениците презентираа делови од стекнатите знаења и рецитираа делови од Светиот Куран.
Во име на Муфтиството во Скопје, Мубера Ј. Асани, член на комисијата, одржа почесен говор и потоа им ги додели дипломите и ги поздрави учениците за овој успех, а на муалимата и додели книга и благодарница во име на Муфтиството во знак на благодарност за дадениот придонес во напредокот на исламската веронаука во мектебот на џамијата.