И З В Е С Т И Е – ХАЏ 2021

И З В Е С Т И Е
_____
Почитувани верници! Имајќи ја предвид вашата голема желба да извршите Хаџ – петтиот услов на исламот – со жалост ви ја известуваме веста што ни стигна од Министерството за Хаџ на Саудиска Арабија дека и оваа година Хаџ не може да се изврши и организира.
Вонредната состојба што продолжува поради несреќната болест Ковид-19 го оневозможува Саудиска Арабија да ги отвори своите граници и да овозможи одржување на Хаџ со цел да се осигури безбедноста и здравјето на верниците. Остануваме со надеж дека оваа болест ќе има свој крај и иншалах во наредните години да продолжиме да ја извршуваме оваа верска обврска.
Нека Аллах ве благослови со своите благодети!
Реисул Улема на ИВЗ на РСМ
Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи