ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ЏАМИЈАТА СИМБОЛ НА СКОПЈЕ„

Во оваа дело на Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили ќе се запознаете со Скопје како град и со неколку џамии кои во различни периоди се граделе и им служеле на жителите на Скопје, а кои од разни причини биле разрушени.
Оваа книга е скромен придонес на Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили со која се расветлува сјајното минато на нашиот град.
Текстовите се илустрирани со фотографии, на почетокот ќе прочитате за Скопје низ историјата, улогата на џамијата, нејзината историја и маалата.
Потоа ќе се запознаете со 24 објекти, џамии, месџиди и една мусал-ла, кои се разрушени и не постојат денес.
За читателите, нигата ја нудиме на три јазици: албански, македонски и турски.
„Во рамки на многуте активности од културен и верски карактер, сметавме дека е потребно да се занимаваме со ова скромно истражување, да истакнеме многу заборавени скопски џамии од кои до неодамна одекнуваше езанот.
Со ова, се обидуваме да исполниме уште еден аманет кон новите генерации, причина која што преку запознавање со минатото ќе знаеме да ја заштитиме сегашноста и да ја градиме нашата заедничка иднина.„ – пишува на официјалната страница на Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили.
Изразуваме благодарност на сите оние кои дадоа свој придонес на секој начин, а посебно му благодариме на „“Restaurant & Villa Reka” за финансиската подршка на оваа издание.