На 30 јуни 2021 година (среда), Комисијата за оценување на учениците при Муфтиството, претставена од Шефкет еф. Бафќари и Зеќирја еф. Таири, ги посети учениците на мектебот „Ен-Нур“ во џамијата во село Буковиќ – Општина Сарај.
За време на оваа посета, комисијата ги провери нивните знаења стекнати врз основа на наставната програма на Муфтиството.
Основите на веронауката ги стекнаа кај муалимот на џамијата хфз. Хузри еф. Идризи.
Го молиме Севишниот Аллах, за дадениот придонес, муалимот да го награди со Неговите добрини, а на учениците на им даде здравје и понатамошен успех во животот!