Муфтиството во Скопје, во чест на роденденот на нашиот Пејгамбер, Мухамед а.с., во вторник, на 19 октомври 2021 година, по икиди намаз, во џамијата „Алаџа“ во Скопје, ја организираше традиционалната манифестација посветена на овој свет настан.
Меѓу присутните верници, имами и хафизи, присутен на овој настан беше и претседателот на Исламската верска заедница на РСМ, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, придружен од шефот на кабинетот д-р Абдулкерим еф. Исени и генералниот секретар на ИВЗ Ирсал еф. Јакупи; аташето во Амбасадата на Турција г-дин Мустафа Местен, хатибот на џамијата Локман еф. Камбери, имамот на џамијата хфз. Бејтула еф. Селмани.
Програмата е отворена со ашере, испеана од хфз. Бејтула еф. Селмани, имам во џамијата „Алаџа“.
За да биде оваа манифестација поблагородна со Куран, Мевлуд, Илахии, на денешната програма беа претставени познатите имами од Скопје; хфз. Абдула Али, Даут еф. Бајрами и хфз. Атаулах еф. Куртиш.
Домаќинот на овој настан, Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили, се обрати со поздравен говор,
„Во рамките на нашите активности, посветуваме посебно внимание на пречекот на месецот на раѓање на Пејгамберот а.с., бидејќи организацијата на вакви манифестации, посветени на раѓањето на Пејгамберот, Мухамед а.с. игра важна улога во зачувувањето и негувањето на исламските верски вредности и изразувањето на чувството на вера, дури и вака изразен, преку духовна манифестација, во нашето Скопје со исламска верска традиција“. – рече меѓу другото пред присутните.
Со почесен говор се обрати Реисул Улема, х. хфз. Шаќир еф. Фетаи;
„Денес, целиот исламски свет, сите народи во светот, сите земји од земјината топка, го одбележуваат споменот на најголемата личност во историјата на човештвото, саканиот на муслиманите и на целиот свет и саканиот на Алах, Мухаммед а.с.
Ние, како дел од уметот, со фалење и гордост а особено со најголема љубов го одбележуваме роденденот на Мухамед с.а.в.с.
Го кажавме и го кажуваме секој ден, живееме со Мухамед с.а.в.с., го имаме во нашите срца, во нашите семејства, во нашиот дом и во нашиот живот.
“Денеска, во главниот град на муслиманите на Северна Македонија, Скопје, собрани сме да пренесеме една порака: дека стоиме покрај Мухамед с.а.в.с, со душа и срце“. – рече Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи.
На оваа програма, беа почестени со „благодарност за посебен придонес“ сите оние што ја изразија својата хуманистичка подготвеност да го збогатат вакуфот на Муфтиството во Скопје, со донирање на нивните земјишта за вакуф – за користење на сите верници; некои од нив за џамии, а некои за гробишта.
Откако се доделија благодарниците, Нимет еф. Алиу рецитираше ашере додека довата по повод оваа манифестација ја изведе Локман ефенди.