МЕСО ОД КУРБАН ЗА УШТЕ 700 СЕМЕЈСТВА ГЛАВНО ОД ДРВЕНСКИОТ РЕГИОН

Вчера, (2 август 2020 година), третиот ден од Курбан Бајрам, во организација на Муфтиството во Скопје беа дистрибуирани околу 700 пакети со месо од Курбан.

Пакетите се дистрибуираа главно во селата од дрвенскиот регион, како и во некои други региони во градот.

Процесот на дистрибуција беше организиран во координација со имамите и претседателите на одборите кои дејствуваат во џамиите на Муфтиството во Скопје.

Потоа, членовите на џамиските одбори, во консултација со имамите, пакетите им ги доставија на сиромашните семејства.

Муфтиството во Скопје, благодарение на соработката со сите управни одбори на џамиите и имамите во Скопје, успешно ја заокружува оваа активност, како една од најважните во планот на годишните активности.