Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили, во вторник на 27 Јули 2021 година го пречека проф. д-р Музафер Блислими зам. директор на Државниот архив на РСМ кој беше придружен од д-р Аднан Шериф, Раководител на секторот за документација.
На почетокот на состанокот, Муфтијата ги информираше гостите за широката активност на Муфтиството во Скопје, предизвиците, достигнувања и идните планови.
На оваа средба, двете страни се согласија за сериозна институционална соработка помеѓу Државниот архив и Муфтиството во Скопје преку споделување на заедничките искуства во служба на верниците и обезбедување на потребна литература и важна документација што зборува за историските факти на нашиот град.
Инаку, Проф. д-р Музафер Бислими даде свој вреден придонес во рецензирање на делото на Муфтијата, книгата со наслов „Џамијата симбол на Скопје“.