МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ

Во среда, 13 октомври 2021 година, Муфтијата го прими на состанок д-р Скендер Асанин – Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје; д -р Севдаил Демири – Претседател на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците; и г – дин Сабаатин Нухију, службеник во ИДКНА.
На оваа средба, Муфтијата беше детално информиран за посветеноста и широката активност на ИДКНА.
Потоа, Муфтијата зборуваше за напредокот на активностите на Муфтиството во Скопје, предизвиците што ја придружуваа нашата активност, постигнатите резултати во овој период и плановите за во иднина.
Двете страни ја изразија својата подготвеност за конкретна соработка во иднина во размена на искуства во однос на зголемување на заедничките проекти за подигање на свеста кај пошироката јавност за потребата од негување и зачувување на јазичното, националното и верското наследство; проучување на можностите за поддршка на заеднички проекти помеѓу ИДКНА и Муфтиството во Скопје.
На крајот од состанокот, Муфтијата им ги подари најновите публикации на Муфтиството и во исто време, прими некои од насловите објавени од ИДКНА.