MУФТИЈАТА ЈА ПРЕНЕСЕ ПОРАКАТА ЗА ЏУМА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ НАЗИФ“

Денес, 7 август 2020 г. Муфтијата д-р Ќенан еф Исмаили придружен од оперативата на Муфтиството го посети џематот на џамијата во село Раштак.

Хатибот на џамијата Флорин еф. Адеми, придружен од џематлии од овој крај, го поздравија Муфтијата и референтите на Муфтиството.

На џума хутбето Муфтијата истакна:
„Човекот кој има амбиции за позиција во овој свет и се стреми да сноси аманет на своите плеќи, мора да исполни одредени основни критериуми: Да биде компетентен на тоа поле, праведен и верен.”