Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, на 28.10.2021 година, во Скопје го прими г-дин Бурхан Ерсој, Генерален директор на Вакафот на Република Турција, придружен од г-ѓа Шенгил Конџаѓил Заменик директор на секторот за уметнички дела и градби, г-дин Акиф Солмаз – градежен инженер и г-дин Абдула Бекирли, заменик-шеф на кабинетот.
На почетокот на средбата Муфтијата им посака добредојде на почесните гости и ги информираше за обемната активност на Муфтиството, особено за одржувањето на скопскиот вакаф и идните планови; информирајќи ги од прва рака за состојбата на џамиите, објектите и историските споменици во сопственост на Муфтиството во Скопје. Двете страни се договорија за подлабока соработка во конкретни проекти во иднина.
На крајот од средбата, во знак на почит и благодарност, беа разменети подароци, при што Муфтијата му го подари своето дело, објавената книга, „Џамијата, симбол на Скопје“.
Потоа, Муфтијата ја предводеше делегацијата во Старата чаршија, каде што беа посетени; Иса Бег џамија; Султан Мурат џамија; џамијата „Јахја Паша“; Балабан џамија; Мурат пашина џамија; „Безистенот на чаршијата; и Капан Ан како и многу други споменици со историска вредност во Старата чаршија. За време на посетите, г-дин Ерсој беше одблиску информиран за историјата на џамиите и спомениците и нивната фактичка состојба, каде по проценките се разговараше за конкретни проекти во служба на верниците.
При посетата на Капан-Ан бевме пречекани од вработените и учениците на Медресата „Иса Бег“ – паралелка за девојчиња, каде гостите беа информирани за програмата, паралелките, условите и просторите каде се одвива воспитно-образовниот процес.
Вреди да се напомене дека, во последниот дел од денешната агенда, Муфтијата заедно со Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи ја предводеше делегацијата во посета на Мустафа пашината џамијата и по молитвата во знак на почит, беше послужен заеднички ручек.