Mуфтиството во Скопје, во саботата, на 24 Јули 2021 година, успешно ја реализираше третата вечер, со која ги заокружи „Исламските културни ноќи ’21“.
На оваа вечер, беше промовирано делото на Муфтијата на Mуфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили, книгата со наслов „Џамијата симбол на Скопје“.
Учесници на овој настан беа Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Mуфтиството во Гостивар, х. Сабахудин еф. Зендели, претседателот на Х.О. „Хилал“ х. Фадил еф. Рамадани, Проф. д-р Музафер Бислими, заменик. директор на Државниот архив на РСМ, рецензент на книгата, м-р Фати Азизи, уредник на делото, д-р Абдулкерим еф. Исени, шеф на кабинетот на Реисул Улема, имами, хафизи и џематлии од Скопје и гости од земјата и од странство.
Програмата беше отворена со рецитирање на ашере од страна на Јасин Хајредини, ученик во мектебот „Ухуд“ во Дижон, победник на Куранските натпревари што се одржаа меѓу учениците на мектебите.
Потоа, домаќинот на оваа активност, Муфтијата на Mуфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили им се обрати на присутните со поздравен говор.
Во својот говор, Муфтијата ја истакна важноста на овој настан, додавајќи дека преку оваа организација, Mуфтиството во Скопје има основна цел да ја унапреди работата на Скопските мектеби, со охрабрување и поттикнување на учениците да ги покажат своите вештини во многу други области, а со тоа се афирмира и самата работа и придонес на нашите муалими.
Со поздравен говор се претстави и м-р Фати Азизи, уредник на книгата, кој го презентираше своето искуство во уредувањето на делото.
Поздравен говор имаше и рецензентот на книгата Проф. д-р Музафер Бислими, кој ги презентираше своите проценки за овој труд.
Потоа следуваше видео презентација на делото на Муфтијата, „Џамијата, симбол на Скопје“.
Со почесен говор се претстави претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи.
По одржаните говори, продолжи доделувањето на наградите од страна на Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и Муфтијата на Mуфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили.
Благодарница во оваа завршна вечер му беше доделена на компанијата „Ресторан & Вила Река“ која го поддржа издавањето на книгата и нашите активности во текот на оваа година.
Оваа вечер му доделивме БЛАГОДАРНОСТ на Хаџи Ќани Синани, во знак на почит и благодарност за неговиот непрекинат и посветен придонес и служење од 40 години како муалим, претворајќи ја неговата куќа во мектеб каде цели генерации следеа веронаука.
На крајот, следеше церемонијата на доделување на наградите за учениците кои ги освоија првите три места во „Ноќта на поезијата“ и „Исламската илахија“ и во втората вечер – „Рецитирање на Куранот“, за членовите на Комисиите за оценување и муалимите кои дадоа придонес во оваа активност.
„Супермаркет Кругер“ – Хасанбег ги покри трошоците за наградите за учениците кои се квалификуваа на првите три места.
Го молиме Алах да ги награди со добрини на двата света.