МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ УСПЕШНО ЈА ОДРЖА 16 – ТА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА МУФТИСТВОТО

На 2 септември 2021 година (четврток), успешно се одржа 16 – та средба со членовите на Муфтиството во Скопје.
На овој состанок беше присутен највисокиот верски водач во земјата, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, придружен од Директорот за култура при Ријасетот на ИВЗ, Мусаниф еф. Руфати.
Реисул-Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, во својот говор пред присутните членови, најпрво ја поздрави работата на овој состанок, а потоа го изрази своето размислување за проактивната работа и посветеност на Муфтиството во Скопје, во служба на верниците од Скопје.
Потоа, пред сите присутни, Муфтијата на Муфтиството во Скопје д -р Ќенан еф. Исмаили зборуваше за реализираните работи во двомесечниот период.
Пред известувањето за активностите, присутните членови беа известени за ангажманот на хфз. Ирфан еф. Сулејмани, на позицијата – Референт на верско-образовниот сектор и раководител за регионот Каршика при Муфтиството во Скопје, додека м-р Неџми еф. Ферати Референт за регионот Дервен.
Муфтијата во детали известуваше за постигнувањата, предизвиците и реализираните активности во текот на двомесечниот период:
Успешно реализирана тридневната активност „Исламски културни ноќи ’21;
Успешно реализиран дводневниот семинар „Методологијата и наставната програма во мектебите“ посветен на имамите и муалимите;
Се враќа во сопственост на вакуфот на Муфтиството во Скопје; Капан Ан; Безистен; и поранешната зграда на кино „Напредок“.
Со директно финансирање и со поддршка од своите донатори, Муфтиство_Скопје, придонесе со износ од 45.000 € и го спроведе процесот за обезбедување на земјиштето – вакуф за Хатунџук џамија;
Овластени се 7 верски службеници: хфз. Ферат еф. Плакај, хфз. Јетмир еф. Зендели, Шеип еф. Исмани, Али еф. Шабани, хфз. Несим еф. Бајрами, Хазир еф. Јашари и Сеад еф. Јашари;
Вакцинирани се 41 верски службеник во соработка со Поликлиника „Чаир“;
Постапка за отплата на долговите на нашите џамии кон ЕВН: Процесот за отплата на долговите на џамиите кон ЕВН стагнира, како резултат на два спора; Џамијата во село Бојане која има долг во износ од околу 13 000 € и џамијата во село Света Петка која има долг во износ од околу 8 000 €;
Со поддршка на Муфтиството во Скопје, на Пајазит еф. Кадриевски му се покриваат сите трошоци во износ од 2 000 €, а потоа се стекна со статус на пензионер;
Муфтиството во Скопје, на Феми еф. Нухију му обезбедува месечна плата во износ од 10 000 денари и се обврзува да ги покрие сите трошоци неопходни за усогласување на неговиот пензиски статус во иднина;
Ангажман на Муфтиството во Скопје во нивелирање и одржување на парцелата за гробишта во село Блаце, до создавање услови за почеток на проектот за гробишта. (поради работите што се изведуваат на автопатот Скопје-Блаце);
„Курбан 2021“ – оваа година на Муфтиството во Скопје му се доверија 1298 курбани, (без курбаните на Медресата Иса – бег во Скопје), а беа поделени 3300 пакувања курбанско месо.
По дискусијата и размената на идеи и предлози од страна на членовите за понатамошната работа, донесени се следните одлуки:
Да се унифицираат таблите на џамиите
Во посебни околности како што е случајот со пандемијата „Ковид-19“, да се почитуваат сите протоколи на надлежните институции и нашата институционална одлука за миење на џеназето (одговорноста паѓа врз семејството и верскиот службеник)
Суспендирање на веронауката во сите мектеби во Скопје со физичко присуство во текот на месец септември (се препорачува процесот да се спроведе „онлајн“).
Дерсот на џума треба да биде што е можно пократок и концизен (да не трае повеќе од 10 минути).
Оваа година, сите активности на традиционалната манифестација „Недела на раѓањето на Мухамед с.а.в.с“ се откажуваат.