Денес, 1 август 2020 година, во организација на Муфтиството во Скопје, беа дистрибуирани околу 1000 пакети курбанско месо.
Пакетите беа дистрибуирани во 4-те региони на Муфтиството во Скопје: градскиот регион, регионот Карадак, регионот Каршиака.
Од објективни причини, пакетите предвидени за дервенскиот регион ќе бидат дистрибуирани следниот ден.
Фазата на дистрибуција беше организирана во координација со имамите и претседателите на советите на џамиите на Муфтиството во Скопје.
Процесот започна со претходно определување на локалитетите во четирите региони на Муфтиството а потоа им беше дистрибуирано на сиромашните семејства и здруженија на лица со посебни потреби.
Инаку, Муфтиството во Скопје ќе продолжи со дистрибуција на пакети и во наредните денови.