Вчера, на 28 јуни 2021 година (понеделник), во присуство на Муфтијата на Муфтиството во Скопје Др.Ќенан еф. Исмаили успешно е реализиран редовен состанок со членовите на Муфтиството, во кое се разговараше за реализираните активности во текот на овие два месеци, а особено се даде отчет за активностите реализирани за време на Рамазан и други активности, пред членовите кои присуствуваа на овој состанок.
Состанокот беше отворен со рецитирање на неколку курански ајети од хфз. Аднан еф. Кадриу.
На почетокот, Муфтијата даде детален извештај за Рамазан 2021 година; активности кои се реализираа во сите региони на Муфтиството во Скопје, Дневната Рамазанска програма, неделните предавања, верските програми посветени на мубарек денови и ноќи, итн.
Во просторот обезбеден за дискусија, сите членови на Муфтиството, без исклучок, многу позитивно ја оценија севкупната работа на оперативниот персонал во текот на месец Рамазан.
Потоа, се дискутираше за активностите реализирани во текот на двомесечниот период, при што беа оценети постигнувањата и реализираните активности во сите сектори на Муфтиството.
Последната точка која се разгледа беше „Курбан 2021“ – активност која бара поголема организираност и сериозна посветеност.За ова прашање беа дадени предлози и идеи за тоа како да се организира, и истите ќе бидат проследени на состанокот на Ријасетот на ИВЗ.
На самиот крај, состанокот заврши со говорот на Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, кој високо ги оцени напорите на членовите за секоја реализирана работа, неуморната работа на референтите на Муфтиството и континуираната работа на имамите и џематските одбори кои дејствуваат во сите џамии во регионите на Муфтиството во Скопје, со молитва, Аллах да ги награди со Неговите бесконечни благодети!