ОТВОРЕНА ЏАМИЈАТА „НЕЏАТ ШАИНИ“ ВО НАСЕЛБАТА ВИЗБЕГОВО

Во среда, на 14 јули 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори џамијата „Неџат Шаини“ во населбата Визбегово во Скопје.
Оваа церемонија беше почестена од; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директори на секторите во Ријасетот на ИВЗ, Муфтијата на Муфтиството во Битола, х. Амит еф. Расими, имами и хафизи од сите Скопски региони, како и џематлии од овој крај.
Програмата се отвори со ашере во изведба на хфз. Ферат Плакај.
Потоа, претседателот на иницијативниот одбор, г. Фатмир Емини, одржа поздравен говор во кој зборуваше за одлуката за започнување со изградба на оваа џамија и напредокот на работите, заблагодарувајќи им се на сите кои дадоа дел од своето време и богатство за изградба на оваа џамија.
Како домаќин на оваа церемонија, Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили ги поздрави сите присутни, кои и покрај високите температури, се присутни на инаугурацијата на оваа Божја куќа.
„Добрите работи се прават заедно. Добрите дела не можат да се направат сами. Исто како што сме заедно денес во оваа џамија, заедно… Тоа беше императив на времето и повеќе од потребно за жителите на овој крај, кои отсекогаш имале потреба да обавуваат намаз и да клањаат џума. Немавме намера да изградиме голема џамија, но доволно голема за жителите на оваа населба индустриска зона, каде што ќе можат да ги извршуваат своите верски обврски.
Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили исто така посочи дека оваа џамија е нова, во нова населба, каде сè уште нема членство што ќе се грижи за нејзиното одржување. „Благодарение на двајца бизнисмени од овој крај, за нас познати по нивната љубезност, одлучија да ги обезбедуваат платите за имамите сè додека не се создаде членство во џамијата“, рече Муфтијата во својот говор.
Во знак на почит и чест кон сите што помогнаа во изградбата на оваа џамија, доделивме благодарност за дадениот придонес и тоа; семејството Шаини; семејството Имери; семејството Кадриу и Хаџи Меџид еф. Азиз за неговиот придонес во финансиската поддршка како донатори на џамијата; како и г-дин Фатмир Емини за надзор над работите од првиот ден до отворањето на вратите на џамијата.
Исто така, свечено му беше доделено овластувањето од Исламската верска заедница на Али еф. Шабан како хатиб на џамијата, додека на хфз. Ферат еф. Плакај како имам и муалим на џамијата.
Нека Аллах го награди придонесот на семејствата и на сите оние кои ја поддржаа изградбата на џамијата жртвувајќи го своето богатство оваа џамија да стане огниште на образование и знаење за верниците од овој крај.
Потоа, хфз. Авни еф. Асани рецитираше ашере, а на крајот, довата по овој повод ја изведе претседателот на Собранието на ИВЗ Фејсал еф. Кадриу, а за икинди намаз џематот го предводеше Муфтијата на Муфтиството во Битола Амит еф. Расими.