На 22.10.2021 година (петок) пред џума намаз, во џамијата „Хаџи Сабри“ во с. Батинци е одржана церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици кај муалимот на џамијата хфз. Рамадан еф. Асани.
Оваа свеченост ја почестија: Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, референтот на џематот на регионот Каршиака хфз. Ирфан еф. Сулејмани; референтот за вакаф при Муфтиството х. Фејсал еф. Кадриу, имами, хафизи од овој крај, роднини на учениците и џематлии на оваа џамија.
Пред џума намаз, се одржа церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици на мектебот на џамијата „Хаџи Сабри“, кај нивниот муалим Рамадан ефенди кој во својот говор изрази благодарност во име на одборот на џамијата за присуството на Муфтијата, оперативата на Муфтиството и присутните џематлии.Довата по овој повод ја изведе х.Фејсал еф. Кадриу.
По завршувањето на програмата на сите ученици им беа доделени дипломи за успешно завршување на исламската веронаука.Муфтијата, на крајот од оваа програма, на Рамадан ефенди му додели благодарница во знак на благодарност за неговиот придонес.
Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. ја пренесе пораката на денот на џума хутбето каде меѓу другото рече;
„Денес, на овој благословен ден, од оваа џамија, од овој Алахов дом, морам да пренесам важна порака: Верниците од село Батинци на дело ја докажуваат љубовта и почитувањето кое го имаат кон учењето на Куранот, насочувајќи ги децата во учењето на Куранот и универзалните вредности на исламот.
Оваа церемонија на хатме е најдобриот доказ дека вие со најголема посветеност ја носите оваа доверба на вашите плеќи.
Со ова инвестирате во заштита на Вистинскиот збор, генерација по генерација и овој факт треба да ве направи горди.”
Муфтијата го предводеше џематот при клањање на џума намаз.


