Секоја година во пресрет на јули го спомнуваме Масакрот во Сребреница, каде на 11 јули 1995 година, пред 26 години, невини луѓе, мажи и жени, страдаа во геноцидот предизвикан во оваа земја, за време на крвавата војна во Босна и Херцеговина.
Она што се случи во Сребреница е најголемата катастрофа во Европа по Втората светска војна со геноцидот предизвикан врз нашите браќа Босанци.
Оваа место стана гробница, каде што станаа шехиди над 8 илјади босански мажи и момчиња, кои беа убиени од српскиот геноциден режим само затоа што припаѓаа на друга етничка заедница и вера.
Исто така, тоа е потсетник на ужасниот настан што го уби човечкото достоинство, цена што некогаш ја плати нашиот народ.
Ние денес, се присетуваме и ја споделуваме болката и истата судбина на нашето болно минато.
Нависитна, болката за жртвите нема припадност, затоа денес сочувствуваме со семејствата на жртвите.
Аллах нека им ја олесни болката и тагата!
Сребреница, никогаш да не се заборави!
ДР. ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ
МУФТИЈА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПJE