Во вторник, на 10 август 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори обновената џамија во село Патишка Река.
На оваа церемонија присуствуваа; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директорите на секторите во Ријасетот на ИВЗ, шефот на кабинетот на Реисул Улема д-р Абдулкерим еф. Исени, Муфтијата на Муфтиството во Кичево м-р Ќамил еф. Рушити, градоначалникот на Сопиште, г. Стефче Трповски, имами и хафизи од сите скопски региони како и џематлии од регионот Каршика.
Програмата се отвори со ашере во интерпретација на хфз. Џемаил еф. Нухију, раководител на Институтот за Хифз „Хфз. Исмаил Ефенди“ – Скопје.
Потоа, поздравен говор одржа претседателот на иницијативниот одбор, Февзи еф. Муслиу кој зборуваше за обновата на Новата џамија и помошните објекти како што се мектебот и канцелариите на џамијата. Во продолжение, тој спомена три важни датуми, како што е Рамазан 1, првиот ден од месец Рамазан 2020 година, кога започна колективното затворање поради Ковид 19, Рамазан 20, 20-от ден на Рамазан 2021 година, кога за прв пат верниците можеа да се клањаат внатре во џамијата, и денес, 10 август 2021 година, кога се одржува официјалната церемонија на отворање на џамијата.
Ефенди Муслиу ги спомена и најголемите донатори и придонесувачи за изградба на оваа џамија.
Со поздравен говор на присутните им се обрати градоначалникот на Сопиште, г. Стефче Трповски, кој откако ги поздрави присутните, му се заблагодари на Бога што му даде можност да придонесе за изградба на џамијата, и покрај тоа што припаѓа на друга вера, православната, при што ја докажува солидарноста и соживотот во ова поднебје.
Како домаќин на оваа церемонија, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили кој ги поздрави учесниците високо ценејќи ја работата и неуморната посветеност на Иницијативниот одбор за изградба на џамијата. Откако ги поздрави присутните, тој рече: „Денес, 10 август 2021 година – 2 хиџри 1443 година, ја доживуваме радоста од отворањето на оваа џамија, благодарение на помошта од Аллах и континуираниот напор на Иницијативниот одбор за обнова на џамијата. Ова што го гледаме денес е резултат на посветеноста на жителите на ова село кои со работа и финансиски средства придонесоа да се постигне овој ден. Го молиме Семоќниот Аллах, сите оние кои придонесуваа за овој Божји дом да ги награди со добрини од Неговото неисцрпно богатство “.
Главниот говор на оваа церемонија го одржа претседателот на Исламската верска заедница Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи кој го изрази своето задоволство и емоции за оваа градба, за оваа прекрасна џамија во оваа прекрасна средина во центарот на селото. Тој, високо ја оцени работата на сите оние кои придонесоа за подигнување на овој дом на Семоќниот Аллах, подигнувајќи го непоколебливиот иман на жителите на Патишка Река, кои со придонес и жртвување и ја дадоа убавината на оваа џамија, користејќи најдобри и најубави градежни материјали.
Хфз. Мусли Муслиу ја интерпретираше својата најнова илахија по повод отворањето на џамијата.
Потоа беше рецитирано ашере од страна на Саќип еф. Чилафи, имам и хатиб на џамијата.
Сосема на крај, довата по овој повод ја изведе м-р Ќамил еф. Рушити, Муфтија на Муфтиството во Кичево, додека на пладневниот намаз верниците ги предводеше Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи.