Вчера, на 22 јули 2020 година (среда) во Џамијата Мустафа Паша се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на исламската верска поука на учениците од мектебот „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА) – Топанско Поле.
На оваа програма беше присутен Муфтијата на Муфтиството на ИВЗ во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од Референтите на Муфтиството, Управителот на Институтот за Хифз во Скопје, хфз. Џемаил еф. Нухију, оџи, родители и роднини на учениците како и голем број џематлии.
Пред почетокот на програмата, со воведен збор, на присутните им се обрати муалимот на учениците хфз. Сабаатин еф. Нухију кој му се заблагодари на присутните кои одвоиле време за да присуствуваат на оваа церемонија.
Во продолжение, Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили во својот говор по овој повод, истакнувајќи ја врендоста на автентичното воспитание кое го овозможуваат мектебите додаде:
„Денес е ден на радост за овие ученици, ден на гордост за нивните родители и ден на одбележување на големиот успех на двајцата посветени муалими од нашиот град, муалимот хфз. Сабаатин еф. Нухију и муалимата Нермин Нухију затоа што овие деца денес го демонстрираат знаењето кое им е врежано во нивните чисти умови и души, ја истакнуваат искрената љубов кон Алаховиот збор и пораките на нашиот Пејгамбер. Затоа, радувајте се родители и сите вие кои го подржавте овој едукативен процес, затоа што наградата за вашиот ангажман ќе го најдете во Идниот Свет„.
За крај, довата по овој повод ја испеа Абдусамед еф. Зеќири хатиб на Џамијата Мустафа Паша.
На крај, на сите 28 ученици им беа доделени дипломи за успешно завршување на исламската верска поука која ја следеа кај муалимот хфз. Сабаатин еф. Нухију и Нермин Нухију.
Вреди да се напомене дека поради создадените услови со ширењето на пандемијата и со цел да се зачува здравјето на верниците, Муфтиството во Скопје во рамки на своите можности, церемониите во овој период ќе се обиде да ги реализира на отворено.
Сектор за информации при Муфтиството на ИВЗ во СРМ – Скопје