Почитувани,
Муфтиството на ИВЗ во РСМ – Скопје споделувајќи ја големата болка со семејствата на настраданите кои ги загубија животите во трагичниот настан како последица на пожарот кој го зафати Центарот на Модуларната Болница за Ковид 19 во Тетово, каде што имаше и жртви и повредени, бара од сите верски службеници, денеска на 10.09.2021 (џума) во сите џамии на територијата на Скопје, за време на џума намаз да се изведува колективна молитва – дуа во знак на солидарност со нивните семејства.
Муфтиството во Скопје ја изразува својата болка и искрено сочуство, молејќи му се на Возвишениот Алах, жртвите да ги помилува, наповредените да им овозможи побрзо оздравување, додека на семејствата и на поблиските да им даде сила и сабур за надминување на ова состојба.
Муфтија
Др. Ќенан еф. Исмаили