Вечерва , на 13 фебруари 2020 ( четврток ) во старата џамија на с.Кондово општина Сарај во присуство на референтите на Муфтиството , оџите на регионот на Дервен и значитечлен број на џематлии се одржа предавање од циклусот на месечните предавања што Муфтиството на ИВЗ Скопје ги организира со оџи од сите региони кои работат во рамките на Муфтиството.
На почетокот на овој собир Невзат еф.Амети во името на џамискиот одбор и џематот им се заблогодари на сите присутни за учеството.
Потоа , главнот дел му припадна на предавачот Шефкет еф.Бафтјари кој се осврна на темата : “ Вистината за Исламското право “.
“ Ние , кои сме собрани тука да си потсетиме еден на друг за Исламското право земајќи за основа наредбите на Ал-лах џ.ш и пораките на пејгамберот а.с и неговиот живот , ние мора да ги пренесеме овие прекрасни учења на нашите семејства , на нашите блиски пријатели и пошироко, затоа што имаме обврска да го следиме вистинскиот ислам.
Поаѓајќи од вистината дека нашата вера наредува на тоа што е праведно , исламот колку се разликува од принципите на верувањето, толку по више и по принципите на праведноста “ рече по меѓу другото Ефенди Шефкет.
Инаку , Шефкет еф.Бафтјари во мемонтов служи како хатиб во џамијата „Неда“ Арачиново.
Сектор за информирање при Муфтиството на ИВЗ – Скопје