ЗАПОЧНА КОЛЕЊЕТО НА КУРБАНИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ

По клањањето на Курбан Бајрам, на 20 јули 2021 година, Муфтиството во Скопје започна со колење на нарачаните курбани, чие месо се донира за мензата на Медресата Иса Бег, додека по обезбедување на потребната количина за учениците, вишокот месот ќе биде дистрибуирано на сиромашните во земјата, планирано со прелиминарни списоци од сите одбори на џамиите во земјата.
Под организација на Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, во присуство на верската комисија за организирање на колење на курбаните, во кланицата Деми и Зи започна колењето на курбаните.
Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од членовите на комисијата за организирање на колење на курбаните учествуваше во започнувањето на колењето на курбаните.
Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили на својата официјална веб-страница пишува:
„Одвоив време, внимателно да го следам процесот на колење на курбаните кои му беа доверени на Муфтиството во Скопје.
Во оваа прилика, останав во просториите на кланицата „Деми и Зи“ каде имав можност директно да бидам информиран од комисијата на ИВЗ, за напредокот на целиот процес на колење на курбаните за Муфтиството во Скопје.
Муфтиството во Скопје работи со полн капацитет да го понесе овој аманет преземен од нашите верници и за време на Курбан Бајрам ангажираше двајца референти, задолжени за секој курбан еден по еден да ги читаат имињата и да го реализираат нијетот за курбан, а потоа да го следат процесот на дистрибуција на месото.
Бројот на курбани што ги прими Муфтиството во Скопје досега надминува 1.200, со надеж дека точниот број ќе се обезбеди откако џамиските одбори го достават својот конечен список.
Го молам Семоќниот Аллах да ги прифати курбаните на сите оние кои оваа година изразија желба и подготвеност да го донираат својот курбан за учениците на Медресата Иса Бег, каде што остатокот ќе им биде поделен на сиромашните семејства“.