ЗАПОЧНА ПРИНЕСУВАЊЕТО НА КУРБАНИ

Денес, (31 јули 2020 година,)на првиот ден од Курбан Бајрам, во организација на Исламската заедница на РСМ, односно Муфтиството во Скопје, започна принесувањето на Курбани во кланицата „Џеза“ – село Студеничани.

По клањањето на Курбан Бајрам намазот, Муфтијата на Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили во придружба на членовите на комисијата за организација на принесување на курбани, учествуваа на чинот на принесување курбани каде што се испеа и довата по повод принесувањето на курбаните.
Членовите на комисијата беа задоволни од начинот на принесување на курбаните, и одблиску го следеа почитувањето на сите исламски принципи при колењето.

Во текот на денешниот ден, се заклани курбани за 210 лица, читајќи ги имињата на сите нијетлии еден по еден, додека членовите на комисијата го надгледуваа целиот процес на колење.

Вреди да се напомене дека, следниот ден, со почеток во 12:00 часот, продолжува принесувањето на останатите курбани и сите оние верници кои сакаат да учествуваат во принесувањето на својот курбан, можат да дојдат во просториите на кланицата „Џеза“.