ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „СЕОПФАТНИ ПРАВИЛА НА ИСЛАМСКИОТ ШЕРИЈАТ“

Издавачката дејност на Муфтиството во Скопје го изнесе на виделина наредното дело.
Станува збор за делото на Проф. Д-р Таџедин еф. Бислими, „Сеопфатни правила на исламскиот шеријат“.
Исламската јуриспруденција е моќна структура на исламот и Алахов закон, со кој муслиманите го обликуваа својот живот, се обединија во обожување и во меѓусебните односи. Тоа е почетна точка на прекрасната цивилизација на уметот, темел на нејзината гордост, животна сила.
Затоа, објавувањето на ова дело нека биде поттик за научниците на исламската јуриспруденција да навлезат во истражување и преведување на грандиозните дела кои ќе бидат во служба на верниците на нашата земја.
На авторот му посакуваме долг живот со молитва до Семоќниот Алах да го благослови со добрините на двата света.