Комисија за оценување на учениците од мектебите ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија – Скопје

Комисија за оценување на учениците од мектебите ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија – Скопје
 
Вчера, на 25.05.2021 година (вторник), Комисијата за оценување на учениците при Муфтиството, претставена од Мубера Асани и Арифе Асани, ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија – Скопје.
За време на оваа посета, комисијата ги провери нивните знаења стекнати врз основа на наставната програма на Муфтиството.
 
Основите на верата ги научиле од муалимата Јасемин Шабани.
 
Го молиме Семоќниот Аллах, за дадениот придонес да ја награди муалимата со Неговите добрини, а на учениците здравје и понатамошен успех во животот!