МУФТИЈА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ УПАТУВА ЧЕСТИТКИ ЗА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

„Да, Ние ти дадовме добро изобилно. Па, клањај му се на Господарот твој и заколи Курбан! Оној што те мрази ќе остане без помен, навистина!“
Сура 108 Ел-Кевсер (Изобилие)
Благодарноста му припаѓа на Семоќниот Аллах, апсолутниот творец.
Салаватот и поздравот го упатуваме на нашиот сакан Мухамед а.с. Аллаховиот мир и милоста нека бидат над него, неговото семејство и неговите следбеници.
Почитувани верници!
Вторник (10 Зул Хиџџе 1442 х. г.) е првиот ден од празникот Курбан Бајрам, празник на кој верникот му се заблагодарува на Аллах со намаз и жртвување (колење) на Курбан само заради Аллах џ.ш.
Во оваа пригода, дозволете ми во име на Муфтиството во Скопје и од мое лично име да ви се обратам со оваа порака молејќи му се на Семоќниот Аллах за благосостојба, среќа, просперитет и благодети во вашите семејства.
Возвишениот Аллах, во Куранот вели: „Кажи: „И намазот мој, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја се – Аллахови…“.
Празникот Курбан Бајрам го претставува концептот на исламската вера за правда, единство, солидарност, милосрдие и жртвување.
Затоа, овој празник го отсликува обожавањето на Семоќниот Творец, но има и симболика на жртва, а која ги има за цел вредностите на хуманоста, солидарноста, милосрдието и пред се достигнувањето на побожноста, бидејќи жртвата што ја даваме во оваа пригода, не е наменета само за пролевање крв, туку пред сè за постигнување на побожност.
На овој ден на радост ги поканувам сите луѓе со добра волја да бидат похумани и солидарни, сите заедно да покажат сочувство и да си помагаат едни на други, на соседите, сиромашните, сираците, несреќниците, осамените и сите оние кои се надеваат на нашата помош.
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, дозволете ми уште еднаш, на сите да ви посакам здравје, среќа, благодети, просперитет, семејна хармонија.
Честитки и за многу години празникот Курбан Бајрам!
Аллахиот Благослов и Неговата милост нека е со вас!
Д-р Ќенан еф. Исмаили
Муфтија на Муфтиството во Скопје