МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГО ОБЈАВИ „ЕЛИФБА НА БЛАГОРОДНИОТ КУРАН“

Со поддршка на Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, Муфтиството во Скопје презеде иницијатива за подготвување на буквар кој ќе одговара на работата и образовната програма и ќе го примени во сите мектеби на нејзината територија.
Поттикнати од потребата за унифицирано Елифба, издавачката дејност на Муфтиството во Скопје го изнесе на виделина последвателното дело „Елифба на благородниот Куран“.
Со подготовката на оваа Елифба, Муфтиството во Скопје направи чекор напред кон олеснување на учењето на буквите на благородниот Куран.
Со оваа дело, имаме за цел да им помогнеме на нашите мулими во нивната благородна работа, како и да му помогнеме на секој ученик во ова свето патување што е можно полесно и појасно да го научи читањето на благородниот Куран.
Изразуваме признание и благодарност за посветеноста, на референтот на секторот за веронаука во Муфтиството во Скопје, г-дин Неџми еф. Ферати, кој благодарение на неговата неуморна работа, еланот за работа, успева успешно да ја изврши својата задача во областа на веронауката.
Јавно им се заблагодаруваме на сите оние кои со своето мајсторство и искуство дадоа голем придонес да го изнесат на виделина ова значајно дело; авторот на делото доц. д-р Зибер Лата; рецензентот на ова дело проф. д-р Насер Рамадани; лекторот г-дин Елез Исмаили; и Халил Бериша за уметничкиот дизајн на Елифба.
Го молиме Семоќниот Аллах да ги награди сите оние кои помогнаа, оваа публикација да излезе на виделина и сите оние кои ќе работат со неа, со Неговите бесконечни благодети.