Денес на 24 јули 2020 година (џума) пред џума намаз, во џамијата “Решадије” село Света Петка беше реализирана церемонија на хатме дова по повод завршувањето на исламската верска поука спроведена во мектебот на џамијата.
На оваа програма беа присутни секретарот на Муфтиството во Скопје проф. Садрија Хасановиќ, референтот Фејсал еф. Кадриу и референтот проф. Реџеп еф. Имери.
Пред почетокот на програмата со поздравен говор на присутните им се обрати хфз. Шаип еф. Јусуфи, хатиб и муалим на џамијата кој во името на родителите на учениците им се заблагодари на присутните кои одвоиле време да присуствуваат на оваа церемонија.
Во продолжение, почесен говор одржа Фејсал еф. Кадриу кој меѓу другото истакна:
“Несомнено, покрај муалимот кој даде свој придонес во пренесувањето на основните исламски знаења кај учениците како и родителите кои ги заслужуваат наградите за упатување на нивните деца, придобиваат овие деца за кои сме собрани денес.
Во овој благословен ден, го молам возвишениот Алах, овие деца да го оживеат ова корисно знаење во нивниот живот.”
Проф. Садрија Хасановиќ на учениците им додели дипломи и им честиташе за овој успех, а на муалимот му додели признание во знак на благодарност за дадениот придонес во пренесувањето на исламската верска поука во мектебот на џамијата “Решадије”.
По овој повод довата ја проучи Реџеп еф. Имери.
Пораката на денот, на џума хутбето ја пренесе Фејсал ефенди.