ВО СИТЕ ЏАМИИ НА СКОПСКОТО МУФТИСТВО СЕ ПОЧИТУВАА ПОТПОЛНО ПРЕПОРАКИТЕ НА ИВЗ ВО ТЕКОТ НА ЏУМА НАМАЗ

Денес, на 15.05.2020 (Џума), врз основа на одлуката на ИВЗ за отварање на џамиите и упатствата на Скпското Муфтиство за спроведување на намазите колективно во џамиите , мерките за заштита беа максимално почитувани за време на престојот на верниците во џамиите како и за клањање на џума намазот.

Сите џамии без исклучок ги исполниле сите наши препораки засновани на точките наведени во официјалното упатство на Скопското Муфтиство.

Како дел од преземаните мерки , џамиите беа исчистени пред и по молитвата, употребата на средства за дезинфекција, употреба на заштитни маски , верниците се приклучија на намаз со нивните сеџадиња водејќи сметка за одржување на физичката оддалеченост за време на молитвата и стоењето во џамија.

Изразуваме благодарност до сите верски службеници, џамиски одбори и до сите верници кои покажаа висока свест за почитувањето на сите наши препораки.

Скопското Муфтиство во име на џамиските одбори, верските службеници и верниците на Скопје ги негира и демантира сите оние кои шират лажни информации преку некои медиуми и социјални мрежи и можеме јавно да кажеме дека тие не се во служба на општото добро!