МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР

На 21.09.2021 г., муфтијата на муфтиството во Скопје, Др. Ќенан еф. Исмаили го пречека градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу и директорката на Културно-Информативниот Центар, г-ѓа Сермине Пурини.
„Денеска имав чест и задоволство да бидам домакин на градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиун и г-ѓа Сермине Пурини, директорка на Културно-Информативниот Центар.
На оваа повеќе од институционална и многу пријателска средба, разговаравме за имотите што му се вратени на Муфтиството во Скопје преку процесот на денационализација, како што се: Безистен, поранешната кино зграда „Албански театар за деца и млади“ и Капан Ан.
Во оваа прилика, ги известив дека „Албанскиот театар за деца и младинци“ во скопската чаршија ќе продолжи да работи таму каде што е и ќе ги реализира сите свои активности без никакви пречки, почитувајќи ги сите договори, правни норми и нашите исламски верски принципи според кои функционираме како исламски верски авторитет во земјата.
Им ветив дека ќе можат да ги користат просториите одреден временски период додека не најдат посоодветен простор од нивна страна, каде што ќе можат да ја остварат својата културна активност“. – пишува на официјалната страница на Муфтијата на Муфтиството во Скопје, Др. Ќенан еф. Исмаили.