Церемонија на хатме дова во Џамијата со две минариња – Сарај

Џамијата со две минариња во Сарај, денес 10 јуни 2021 година, после икинди намаз реализираше церемонија на хатме дова по повод дипломирањето на 21 ученик во основите на исламската вероисповест, кај муалимот Мухамед еф. Таири.
На оваа церемонија учествуваше Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од референтите на Муфтиството, имами, хафизи и роднини на учениците како и џематлии од џамијата.
Во продолжение следуваше програмата подготвена од учениците на овој мектеб под раководство на муалимот Мухаед еф. Таири.
Почесниот говор го одржа Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили кој го оцени високиот ангажман на
муалимот на џамијата.
Пред заокружување на церемонијата, на сите ученици, Муфтијата им додели дипломи, а за неговата неуморна работа, на муалимот му додели признание со надеж дека неговиот придонес ќе го награди Семоќниот Аллах со своите добрини на овој и на другиот свет!
Довата по овој повод ја изведе х Фејсал еф. Кадриу, референт за вакуф во Муфтиството во Скопје.